★ БОЖИЌЕН ПАЗАР ЉУБЉАНА И КЛАГЕНФУРТ ★
термин: 21.12.2018 – 24.12.2018
со Автобус / за 4 дена – 2 ноќи
Ако сакате да уживате во одлична Божиќна атмосфера, посетете ја Љубљана, градот кој Ве повикува со мирисот на варено вино, топол чај и печени колбаси… Ако пак сакате да ја доживеете најубавата австриска бајка, посетете го романтичниот Клагенфурт.
Состанок на групата. Поаѓање од Скопје во 19:30 часот, кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Сместување во хотел „Park“ 3*** во центарот на Љубљана во двокреветни соби (www.hotelpark.si). Краток одмор од патувањето. Потоа разгледување на Љубљана со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот Споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки низ двете улици кои се наоѓаат веднаш покрај реката Љубљаница каде е распослан Божиќниот пазар со божиќни штандови кои изобилуваат со сувенири со божиќни мотиви, капи, шалови и ракавици, но и мноштво миризливи слатки колачи. Ноќевање.
Појадок. Заминување на групата (факултативно) на целодневна посета со локален туристички водич на Клагенфурт, некогашно седиште на една од најголемите европски монархии, еден од градовите кој грижливо негува се што историјата оставила во аманет. Клагенфурт е град за чие основање се раскажуваат легенди, град што ќе ве одушеви со колоритните улици, а со градбите ќе ве врати во времето на Марија Терезија и дворските балови. По организираниот разглед, слободно време за посета на божиќните штандови. Во вечерните часови враќање во Љубљана. Слободно време за повторно уживање во убавините на градот каде се најавува доаѓањето на Божиќ. Ноќевање.
Појадок. Околу пладне заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
– Превоз на дадените релации со туристички автобус
– Две Ноќевања со Појадок во хотел „Park“3* во Љубљана (www.hotelpark.si)
– Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
– Факултативни излети:
Факултативен излет до Клагенфурт – 15 €
Доплата за еднокреветна соба – 35 € ( цената е за двете вечери)
– Туристичка такса во Љубљана (се плаќа на рецепција во хотелот) – 1,3 € на вечер
– Патничко – здравствено осигурување
– За резервации со пониска цена потребна е уплата на 30 % од цената на аранжманот.
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1 € = 62 мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпродажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
– Агенцијата го задржува правото да во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 25 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– Oпштите услови за патување на Саватоурс како и на СКТМ се составен дел од овој аранжман.
– Патничко и здравствено осигурување: Саватоурс препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија.