★ БУДИМПЕШТА НОВА ГОДИНА 2019 ★
термин: 28.12.2018 – 02.01.2019
со Автобус / 6 дена – 3 ноќи
Состанок со групата во Скопјe. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови предлагаме крстарење со брод по Дунав (факултативно). Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. По појадокот одиме на факултативна посета на Братислава. Разглед на градот со локален водич: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки. Во договорено време враќање во Будимпешта. Вечерта, предлагаме посета на традиционален ресторан – чардаш (богато мени, со цигански фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости и многу забава, што вреди да се доживее и ќе Ви го доближи унгарскиот живот. Ноќевање.
Појадок. После појадокот, факултативна посета на Парламентот, еден од трите најголеми парламенти во Европа. Факултативна посета на Дворецот на Кралицата Сиси. Слободно време за индивидуални прошетки и припрема за Дочек на Нова Година. Враќање во хотел – индивидуално. Ноќевање.
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување во факултативна посета до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање назад во Будимпешта. За љубителите на животинскиот свет можност за посета на Тропикариум. Слободно време за индивидуални активности. По договор со претставникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
– Превоз со туристички автобус на дадените дестинации
– Сместување во хотел со 3* во Будимпешта (околина) на база 3 Ноќевања со Појадок
– Професионален туристички придружник од агенцијата
– Организација, водство и професионален туристички придружник на патувањето.
– Факултативните излети и посети:
Разглед на Будимпешта со локален водич – 10 €
Посета на Парламент (трансфер, влезница и локален водич) – 20 €
Посета на Тропикариум (трансфер, влезница и локален водич) – 15 €
Посета на дворец на кралицата Сиси (локален водич, влезница и трансфер) – 20 €
Посета и разглед на Братислава – 25 € – минимум 30 лица за реализација
Посета на Сент Андреа – 10 €
Крстарење по Дунав – 15 €
– Влезници за музеи и културно – историски локалитети и знаменитости
– Задолжително патничко – здравствено осигурување
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 15 дена пред поаѓање.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето. Агенцијата не е надлежна и не ја цени исправноста на патните исправи.
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници (крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање)
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
– Агенцијата го задржува правото да во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот или најдоцна до 01.12.2018, како би се направиле навремени резервации.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– Oпштите услови за патување на Саватоурс како и на СКТМ се составен дел од овој аранжман.
– Патничко и здравствено осигурување: Саватоурс препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија.