Duration: 29 Декември 2018 - 02 Јануари 2019 / со Автобус
Location: Австрија - Виена
Price: 148 €

★ ВИЕНА НОВА ГОДИНА 2019 ★
термин: 29.12.2018 – 02.01.2019
со Автобус / 5 дена – 2 ноќи

  • ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8.590 мкд  / 138 € по лице за целосна уплата до 10.11.2018
    термин: 29 дек 2018 – 02 јан 2019 / 4 дена – 3 ноќи / со Автобус
    (после 10 Ноември цената на аранжманот изнесува 9.190 мкд  / 148 € по лице)

     

    ➡ 1 ДЕН – 29 Декември (сабота)  СКОПЈЕ – ВИЕНА

    Состанок на групата во Скопје во 13:00 часот. Поаѓање за Австрија во 12.30 часот… патот води преку Табановце, Ниш, Белград, Будимпешта  денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

    ➡ 2 ДЕН – 30 Декември (недела)  ВИЕНА

    Пристигнување во Виена во утринските часови… разглед на градот со стручен водич… Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк… прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом)… факултативна посета на Дунавската кула – висока 252 м. (терасата се наоѓа на 150 м. висина), од каде се пружа спектакуларен поглед на цел град, ракавците на Дунав, се до Словачка… сместување во хотел во касните попладневни часови. Вечерта – можност за ноќна прошетка низ Виена, разглед на градот, кој е прекрасно украсен воочи дочекот на најлудата ноќ… Ноќевање.

    ➡ 3 ДЕН – 31 Декември (понеделнилк)  ВИЕНА

    Појадок. По појадокот – заминување во еден од најголемите трговски центри SCS Shopping Center (преку 300 продавници и бутици)…слободно време за шопинг. Во попладневните часови – заминување за Виена, слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг на позната шопинг улица Mariahilfer strasse… враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време за одмор. Вечерта – ДОЧЕК НА НОВАТА 2019 ГОДИНА ! Ноќевање.

    ➡ 4 ДЕН – 01 Јануари (вторник)  ВИЕНА

    Појадок. По појадокот, факултативна посета на Шенбрун – еден од најубавите барокни дворци на светот, летната резиденција на Хабзбурговците, прошетајте низ просториите и прекрасните градини, почувствувајте ја атмосферата во која уживале Моцарт, Гете, Франц Јозеф, Марија Антоанета, Наполеон… посета и разглед на Божиќниот базар кој се наоѓа во дворот од дворецот… поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Будимпешта, Белград, Скопје… денско и ноќно патување со кратки попатни одмори.

    ➡ 5 ДЕН – 02 Јануари (среда) ВИЕНА – СКОПЈЕ

    Пристигнување во Скопкје во утринските часови.

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

  •  

    ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8.590 мкд  / 138 € по лице за целосна уплата до 10.11.2018
    термин: 29 дек 2018 – 02 јан 2019 / 4 дена – 3 ноќи / со Автобус
    (после 10 Ноември цената на аранжманот изнесува 9.190 мкд  / 148 € по лице)

     

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Автобуски превоз (клима, ЦД, ДВД, разглас) на горенаведената релација
    – Разглед на Виена со стручен водич,
    – 2 НП во хотел со 3★ во околина на Виена (OEKOTEL-Traiskirchen, www.oekotel.com; ),
    – Организација, водство и реализација на аранжманот.

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Факултативните излети и посети,
    – влезниците при посета на културно-историските споменици,
    ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – ВИЕНА :
    – Замокот Шенбрун – 25 € по лице – влезница со водич (препорака),
    – Дунавската кула – 15 € по лице (препорака).
    – Патничко осигурување

    ➡ УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

    –  Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.

  •  

    ➡ ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

    –  Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето. Агенцијата не е надлежна и не ја цени исправноста на патните исправи.
    –  За реализација  на аранжманот потребен е минимум од 40 патници (крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање)
    –  Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
    –  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
    –  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
    –  Oпштите услови за патување на Саватоурс како и на СКТМ се составен дел од овој аранжман.
    –  Патничко и здравствено осигурување: Саватоурс препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија.



 kocka11