Location: О.А.Е - Дубаи

★ ДУБАИ ★ 8-ми МАРТ  Sava Logo
за период 08.03.2018-12.03.2018
5 дена – 4 ноќи

  • maps⬅ Локација
    на Google Мапа

    ЦЕНА ПО ЛИЦЕ  685 € за програма  5 дена – 4 ноќи / за сместување во двокреветна соба за даден период за максумум две лица.
    Аранжманот вклучува: авионска карта со авиокомпанија “FLY DUBAI”/ трансфер / 5 дена односно 4 ноќевања во Дубаи во 3* хотел на база нoќевање со појадок / Дубаи градска тура / Пустинско сафари со вечера (скара и локална храна) / Крстарење по крикот со вечера

    1 Ден  СКОПЈЕ – ДУБАИ
    Полетување на авионот за Дубаи во 13.05 часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 21.05 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

    2 Ден  ДУБАИ (ПРЕТПЛАДНЕ ПОСЕТА НА MIRICLE GARDEN, ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА)
    ПРЕТПЛАДНЕ ПОСЕТА НА MIRICLE GARDEN – ОПЦИОНО ФАКУЛТАТИВНО неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. За лицата кои ја немаат земено оваа дополнителна екскурзија, слободно претпладне.
    ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА
    Сместување во избраниот хотел на база наведената услуга, наутро инфо состанок и слободно време претпладне за индивидуални активности. Попладне се тргнува на пустинско сафари. Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода се вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање во кампот.

    3 Ден  ДУБАИ СО ТУРИ – ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour, НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise
    После доручекот, започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи и  во вечерните часови одиме на крстарење по крикот (со вклучена вечера).
    Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Враќање во хотелот полни со прекрасни спомени.
    Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него.  Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).

    4 Ден  ДУБАИ – ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ. Опции за организирање на факултативни излети – ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ,  DUBAI PARKS & RESORTS…
    Во вечерните посета на Burj Khalifa – највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат …Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови.

    5 Ден  ДУБАИ СКОПЈЕ
    Во раните утриснки часови трансфер на аеродром. Полетување на авионот од Дубаи во 09.10 часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.05 часот.

  • ЦЕНА ПО ЛИЦЕ  685 € за програма  5 дена / 4 ноќи
    Аранжманот вклучува: авионска карта со авиокомпанија “FLY DUBAI”/ трансфер / 5 дена односно 4 ноќевања во Дубаи во 3* хотел на база нoќевање со појадок / Дубаи градска тура / Пустинско сафари со вечера (скара и локална храна) / Крстарење по крикот со вечера

    Во цената на аранжманот е вклучено:
    – Повратен авионски билет на релација  Скопје – Дубаи – Скопје со FLYDUBAI;
    – Трансфер аеродром – хотел – аеродром ;
    – хотел 3★ DUBAI CITY HOTEL
    – 4 ноќевања во избраниот хотел на база ноќевање со појадок;
    – придружник за цело време на патувањето, согласно програма и вклучени екскурзии
    – ПОЛУДНЕВНА ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА – (збирна тура со водич/ преведувач на српски јазик)
    – ПУСТИНСКО САФАРИ (збирна тура со групен трансфер, без водич на српски јазик, вклучена вечера)
    – КРСТАРЕЊЕ ПО КРИКОТ (збирна тура со групен трансфер, без водич на српски јазик, вклучена вечера)
    – Услуга водич на српски јазик во Дубаи за екскурзии согласно програма и напомена, за факулативи и дополнителни информации
    – Организација и реализација на патувањето

    Во цената на аранжманот не е вклучено:
    – аеродромски такси 45
    – Виза за Дубаи 85
    – посета на Burj Khalifa (влезница 45 € по лице – normal hours)
    – посета на MIRICLE GARDEN – околу 15 € по лице (зависно од број на пријавени лица)
    – посета на ABU DHABI – 75 € по лице (зависно од број на пријавени лица)
    – посета на GLOBAL VILLAGE и  на DUBAI PARKS & RESORTS – ИНДИВИДУАЛНО (на барање)
    – Филмови на летовите се наплаќаат во авион со кредитна картичка или директно на кабински персонал
    – Патничко осигурување
    – Останати индивидуални трошоци.
    – Туристичка такса туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out 10 дирхами (10 DHS ≈ 2 €)  по соба по ноќ. Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

  • ВАЖНИ НАПОМЕНИ И ДОПЛАТИ ЗА АВИОН И ХОТЕЛ ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН БРОЈ НА ЛИЦА:
    – Максимален број на лица во двокреветна соба се две возрасни.
    – Повисоки категории на соби и апартмани се на барање и цената е на барање заради доплата на повисока категорија на соба.
    – Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
    – Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (самопослужување)
    – Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
    – Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот
    – За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
    – За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
    – Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна

    ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
    Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните институции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

    ВАЖНИ НАПОМЕНИ ЗА ВИЗА:
    –   За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  info@savatours-mk.com ). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.

    УСЛОВИ НА ПРОГРАМАТА:

    • Понудата важи за минимум 15 пријавени патници.
    • Рок за известување за недоволен број на пријавени патници  – 30 дена пред поаѓање.
    • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
    • Задолжително патничко осигурување
  • НАПОМЕНА:
    –  Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 1 €62 ден. Цената е гарантирана само за уплата на целот износ. Во спротивно, гарантиран е износoт на аконтација, а остатoкот е подложен на промена.
    – Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата.
    – Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

    НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
    – Во готово – уплата на аконтација од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот при резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.
    – кредитни картички
    – уплата преку фактура 

    Цената е по лице за сместување во наведенадвокреветна соба за даден период ноќевање со појадок
    Цената е изразена во евра за уплата во денари (1 ЕУР=62 МКД)



Sava Logo   +389 2 3116 177  /  3116 690
✉  info@savatours-mk.com    follow me on facebook  www.facebook.com/savatours.mk/
kocka11адреса:  Вељко Влаховиќ бр. 7  1000 Скопје Македонијаkocka11