Duration: 28 Декември 2018 - 01 Јануари 2019 / со Автобус
Location: Турција - Истанбул
Price: 149 €-10 € : 139 €

★ ИСТАНБУЛ НОВА ГОДИНА 2019 ★
термин: 28.12.2018 – 01.01.2019
со Автобус / 5 дена – 3 ноќи

  • ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8.620 мкд  / 139 € по лице за целосна уплата до 07 декември (со вклучен разглед)
    термин: 28 дек 2018 – 01 јан 2019 / 5 дена – 3 ноќи / со Автобус
    (после 07 декември цената на аранжманот изнесува 9.240 мкд  / 149 € по лице)

     

    ➡ 1 ДЕН – 28 Декември (сабота)  СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ 

    Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Се патува преку Р.Грција со попатни паузи. Ноќно возење.

    ➡ 2 ДЕН – 29 Декември (сабота)  ИСТАНБУЛ 

    Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија… Посета на Вселенската патријаршија. Предлагаме, факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула… Сместување во хотел. Во попладневните часови, факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор…Европа – Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

    ➡ 3 ДЕН – 30 Декември (недела)  ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ

    Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Кула Галата симболот на Цариград, изградена во 528 год. за време на Јустинијан. Кулата е со кружна основа, сместена врвот на ридот нпомежу Златен Рог и Босфор. Обновена е во 1990 година и од тогаш е отворена за посетители. Можност да се вкуси традиционалниот специјалитет Balikekmek (риба во леб) на Еминону. Прошетката продолжува кон плоштадот Таксим и најпознатата шопинг улица Истиклал. Потоа одиме до Мисир чаршија-познатиот пазар на зачини во Истанбул. Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

    ➡ 4 ДЕН – 31 Декември (понеделник)  ИСТАНБУЛ – ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

    Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители…Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни… Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина… Продолжуваме кон Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини…Дочек на Нова Година на еден од најубавите плоштади во Истанбул – Ortakoy. Враќање во хотел.

    ➡ 5 ДЕН – 01 Јануари (вторник)  ИСТАНБУЛ – МИНИЈАТУРК – СКОПЈЕ

    Појадок. Факултативно – посета на МИНИАТУРК – минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25… Програмата продолжува со факултативна посета на Pierre Lote видиковец посветен на францускиот морепловец и писател. Тоа е најубавото место што зборува за Истанбул, а постои само еден одговор: Pierre Lote! На самото брдо има и кафуле од кој се пружа најдобриот поглед на бисерот на Истанбул-Златен Рог. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови .

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

  •  

    ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8.620 мкд  / 139 € по лице за целосна уплата до 07 декември (со вклучен разглед)
    термин: 28 дек 2018 – 01 јан 2019 / 5 дена – 3 ноќи / со Автобус
    (после 07 декември цената на аранжманот изнесува 9.240 мкд  / 149 € по лице)
    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Превоз со модерен туристички автобус
    – Сместување во хотел Grand Ons со 3*** на база 3 ноќевања со појадок http://www.grandons.com/
    – Организиран разглед на Истанбул
    – Организација, водство и придружник на патувањето.

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Факултативните излети и посети:
    – Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 25 €
    Ж- Крстарење со брод по Босфор 15 €
    – Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 €
    – Вечера во национален ресторан 30 €
    – Влезници во локалитетите Аја Софија 15 евра, Топкапи 15 €, харемот во Топкапи 10 €
    – Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) 10 €
    – Посета на Азискиот дел Ускудар – Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 10 €
    – Посета на Минијатурк 10 €
    – Посета на кула Галата 10 €
    – Посета на Pierre Lote 5 €
    – Задолжително патничко – здравствено осигурување

    ➡ УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

    –  Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.

  •  

    ➡ ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

    –  Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето. Агенцијата не е надлежна и не ја цени исправноста на патните исправи.
    –  За реализација  на аранжманот потребен е минимум од 45 патници (крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 7 дена пред датумот на поаѓање)
    –  Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
    –  Агенцијата го задржува правото да во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
    – За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
    – За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
    – Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
    –  Oпштите услови за патување на Саватоурс како и на СКТМ се составен дел од овој аранжман.
    –  Патничко и здравствено осигурување: Саватоурс препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија.



 kocka11