Duration: 28 Декември 2018 - 01 Јануари 2019 / со Автобус
Location: Полска - Краков
Price: 189 €-10 % : 169 €

★ КРАКОВ НОВА ГОДИНА 2019 ★
термин: 28.12.2018 – 01.01.2019
со Автобус / 5 дена – 3 ноќи

  • ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 10.478 мкд  / 169 € по лице за целосна уплата до 07 декември
    термин: 28 дек 2018 – 01 јан 2019 / 5 дена – 3 ноќи / со Автобус
    (после 07 декември цената на аранжманот изнесува 11.720 мкд  / 189 € по лице)

     

    Краков – бил престолнина на Полска повеќе од 500 години, а денес е еден од најголемите градови во Полска. Град полн со енергија, младост и еден од најголемите Универзитетски центри во Европа. Краков како и овој дел од Полска се смета за Срцето на Полска затоа што е богата со културно – историско наследство. Непроменет за време на II Светска Војна, стариот дел на градот е преполн со цркви и музеи, со доминантниот кралски дворец Wawel кој потсетува на славните денови на полските кралеви со векови. Краков е првиот град во Светот кој историоскиот центар е ставен на листата на UNESCO – светско наследство. Покрај многуте места во градот кој ги препорачуваме да се посетат се и рудникот за сол Wielichka на 15 км од Краков, како и фамозниот концентрационен логор Auachwitz и Birkenau кој се на само 60 км од Краков. Овој шармантен град ве очекува.

    ➡ 1 ДЕН – 28 Декември (сабота)  СКОПЈЕ – КРАКОВ

    Состанок на групата на паркингот спроти Хотелот Holiday Inn во 13.30. Тргнување за Краков во 14.00 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

    ➡ 2 ДЕН – 29 Декември (сабота)  КРАКОВ

    Пристигнување во Краков во претпладневните часови Панорамски разглед комбинирано со автобус и пешачки дел. Разглед на стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на Главниот плоштад еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица… Сместување во хотел. Ноќевање.

    ➡ 3 ДЕН – 30 Декември (недела)  КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ

    Појадок. Препорачуваме факлтативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO). Враќање во Краков. Вечерта факултативно, посета на пивница. Ноќевање.

    ➡ 4 ДЕН – 31 Декември (понеделнилк)  КРАКОВ – ВЕЛИЧКА

    Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то нивоили 13 метри под нивот на земјата. Вечерта, дочек на Новата 2019 година на главниот градски плоштад. Ноќевање.

    ➡ 5 ДЕН – 01 Јануари (вторник)  КРАКОВ – СКОПЈЕ

    Појадок. Факултативна посета на еврејскиот кварт Казимерц, кој се наоѓа во стариот дел на градот и е центар на ноќниот живот на градот. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Македонија наредниот ден во претпладневните часови.

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

  •  

    ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 10.478 мкд  / 169 € по лице за целосна уплата до 07 декември
    термин: 28 дек 2018 – 01 јан 2019 / 5 дена – 3 ноќи / со Автобус
    (после 07 декември цената на аранжманот изнесува 11.720 мкд  / 189 € по лице)

     

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Превоз со модерен туристички автобус
    – Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
    – Организиран разглед на Kраков
    – Организација, водство и придружник на патувањето.

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Факултативните излети и посети:
    – Факултативна посета на Auschwitz 35 €
    – Факултативна посета на рудникот за сол Wieliczka 35 €
    – Факултативна посета на Готскиот Дворец Wawel
    – Вечера во национален ресторан – пивница
    – Доплата за еднокреветна соба 4.000,00 мкд
    – Задолжително патничко – здравствено осигурување

    ➡ УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

    –  Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.

  •  

    ➡ ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

    –  Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањето. Агенцијата не е надлежна и не ја цени исправноста на патните исправи.
    –  За реализација  на аранжманот потребен е минимум од 45 патници (крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 7 дена пред датумот на поаѓање)
    –  Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
    –  Агенцијата го задржува правото да во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
    – За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
    – За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
    – Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
    –  Oпштите услови за патување на Саватоурс како и на СКТМ се составен дел од овој аранжман.
    –  Патничко и здравствено осигурување: Саватоурс препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија.



 kocka11