Duration: 29 Декември 2018 - 01 Јануари 2019 / со Автобус
Location: Грција - Лутраки

★ ЛУТРАКИ НОВА ГОДИНА 2019 ★
(СОЛУН – ВЕРИА / СО ВКЛУЧЕНИ ДВЕ НОВОГОДИШНИ ВЕЧЕРИ)
термин: 29.12.2018 – 01.01.2019
со Автобус / 4 дена – 3 ноќи

  • ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9.860 мкд  / 159 € по лице
    (со вклучени две новогодишни вечери)
    термин: 29 дек 2018 – 01 јан 2019 / 4 дена – 3 ноќи / со Автобус

     

    ➡ 1 ДЕН – 29 Декември (сабота)  СКОПЈЕ – ГРЦИЈА

    Поаѓање на групата во 4:00 часот од Скопје кон Грција со туристички автобус преку граничниот премин Евзони. Пристигнување во Солун во претпладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во 14.00 часот  заминување на групата кон Лутраки. Пристигнување во Лутраки  во попладневните часови. Сместување во хотел „Paradosiako“ 3*** (www.hotelparadosiako.com), хотел „Palladium“ 3***( www.palladiumhotel.gr), и во луксузната вила „Sirius“ ( вилата „Sirius“ се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Paradosiako“ и гостите кои ќе бидат сместени овде ќе користат појадок и новогодишни вечери во ресторанот на хотелот). Слободно време за одмор од патувањето и можност за уживање покрај топлината на камините кои им даваат посебна убавина на објектите. Ноќевање.

    ➡ 2 ДЕН – 30 Декември (недела)  ГРЦИЈА

    Појадок. Потоа организирано заминување на групата кон комплексот термални бањи „Лутра“. Слободно време за користење на отворените и затворени базени со топла термална вода и прекрасна можност на отворено, под заснеженото небо да се релаксирате во минералната вода со температура од  37 степени . Можност за  шопинг на пазарот во бањата кој изобилува со домашно подготвени специјалитети од овој крај.  Во попладневните часови враќање во Лутраки. Вечерта, организирана предновогодишна забава во ресторанот на хотелот  со празнична вечера, неограничено конзумирање на алкохолни и безалкохолни пијалоци и богата музичка програма. Ноќевање.

    ➡ 3 ДЕН – 31 Декември (понеделник)  ГРЦИЈА

    Појадок. Потоа организирано заминување на групата кон градот Верија (факултативно). Во минатото градот бил втор по значење после Пела. Тука за време на римското владеење проповедал апостол Павле, а градот изобилува со византиски цркви, па токму затоа и го нарекуваат Балкански Ерусалим. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг.Во попладневните часови враќање во Лутраки. Подготовка за Дочекот на Новата Година. Вечерта, организиран дочек на Новата 2019 година во ресторанот на хотелот „Paradosiako“ со празнична вечера, неограничено конзумирање на алкохолни и безалкохолни пијалоци и богата музичка програма. Ноќевање.

    ➡ 4 ДЕН – 01 Јануари (вторник)  ГРЦИЈА – СКОПЈЕ

    Појадок. Околу пладне заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

  •  

    ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9.860 мкд  / 159 € по лице
    (со вклучени две новогодишни вечери)
    термин: 29 дек 2018 – 01 јан 2019 / 4 дена – 3 ноќи / со Автобус

     

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Автобуски превоз со туристички автобус на дадената релација
    – Три ноќевања со појадок  во хотел „Paradosiako“ 3*** (www.hotelparadosiako.com), хотел „Palladium“ 3***( www.palladiumhotel.gr), и во луксузната вила „Sirius“
    – Предновогодишна и новогодишна празнична вечера во  хотелот  „Paradosiako“  со неограничен пијалок
    – Организација, водство и реализација на аранжманот со туристички придружник

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Користење на базените  и бањите со топла термална вода
    – Факултативните излети и посети:
    – Посета на Верија – 10 €
    – Туристичка такса – 0.75 € по лице на ден (се плаќа во агенција)
    – Влезниците при посета на културно-историските споменици
    – Патничко осигурување

    ➡ УСЛОВИ ЗА ДЕЦА:

    – Деца до 3 години бесплатно (во заеднички кревет со две возрасни лица),  деца од 3-12 години плаќаат 50 % од аранжманот доколку користат сопствен кревет. Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 10 €.

    ➡ УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

    –  Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.

  •  

    ➡ ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

    –  Задолжителна доплата за сместување во соби со  џакузи-20 евра за соба од ден (вила „Sirius“)
    –  Задолжителна доплата за сместување во соби со камин – 15 евра за соба од ден (хотел „Paradosiako“)
    –  Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето. Агенцијата не е надлежна и не ја цени исправноста на патните исправи.
    –  За реализација  на аранжманот потребен е минимум од 40 патници (крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање)
    –  Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
    –  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 5 дена пред патувањето.
    –  За факултативните излети се потребни 25 патници
    –  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
    –  Oпштите услови за патување на Саватоурс како и на СКТМ се составен дел од овој аранжман.
    –  Патничко и здравствено осигурување: Саватоурс препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија.



 kocka11