Duration: 29 Декември 2018 - 02 Јануари 2019 / со Автобус
Location: Италија - Милано
Price: 144 €

★ МИЛАНО НОВА ГОДИНА 2019 ★
МИЛАНО – ЛУГАНО – ВЕРОНА 
термин: 29.12.2018 – 02.01.2019
со Автобус / 5 дена – 2 ноќи

  • ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9.390 мкд  / 144 € по лице
    термин: 29 дек 2018 – 02 јан 2019 / 5 дена – 2 ноќи / со Автобус

     

    ➡ 1 ДЕН – 29 Декември (сабота)  СКОПЈЕ – МИЛАНО

    Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски“ во 09.00 часот. Поаѓање за Италија во 09.30 часот…патот преку води преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција… денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

    ➡ 2 ДЕН – 30 Декември (недела)  МИЛАНО

    Пристигнување во околината на Бреша во утринските часови – посета на ТЦ Franciacorta Shopping Mall…слободно време за шопинг – шанса да ги искористите големите Божиќни и Новогодишни попусти. Патот продолжува за Милано…пристигнување во Милано во раните попладневни часови. Панорамски разглед на градот со стручен водич…тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, црквата Santa Maria Della Grazia(местото каде се наоѓа ремек-делото на Да Винчи „Тајната Вечера“, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот… Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта – ноќна прошетка низ центарот на градот… Ноќевање.

    ➡ 3 ДЕН – 31 Декември (понеделнилк)  МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО

    Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на градот, или можност за факултативен излет до Швајцарија. Посета на бајковитиот град Лугано, кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Della Riforma, црквата San Roco, Santa Maria Degli Angeli како и паркот на вилата Ciani. Слободно време за прошетка низ градот, или покрај езерото Лугано. Посета на Комо…посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата, Бролето, зидините кои го обиколуваат скоро целиот град…факултативно крстарење со брод по езерото, можност да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни…Враќање во хотелот во касните попладневни часови. Слободно време. Вечерта – дочек на НОВАТА 2019.ГОДИНА!!! Ноќевање.

    ➡ 4 ДЕН – 01 Јануари (вторник)  МИЛАНО – СИРМИОНЕ – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

    Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање за Лаго Ди Гарда… Разглед на живописниот град Sirmione кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век Scaligera, како и тесните улици, новиот дел на градот е права оаза од преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Околу пладне – поаѓање за Верона…Пристигнување во Верона во раните попладневни часови…прошетка низ Стариот Град…плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија…поаѓање за Македонија во касните попладневни часови. Патот води преку Трст, Загреб, Белград…ноќно и денско патување со кратки попатни паузи.

    ➡ 5 ДЕН – 02 Јануари (среда)  СКОПЈЕ

     

    Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

  •  

    ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9.390 мкд  / 144 € по лице
    термин: 29 дек 2018 – 02 јан 2019 / 5 дена – 2 ноќи / со Автобус

     

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Автобуски превоз на горенаведената релација
    – 2 Ноќевања со Појадок во хотел со 4★ во Милано
    – Разглед на Милано со стручен водич
    – Разглед на Лугано и Комо со стручен водич
    – Посета на Сирмионе и Верона
    – Организација, водство и реализација на аранжманот.

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Факултативните излети и посети:
    Посета на Лугано – 20 € по лице (минимум 25 лица) – препорака!
    Крстарење со брод по езерото Комо – 15 € по лице – препорака!,
    – Влезниците при посета на културно-историските споменици
    – Патничко осигурување

    ➡ УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

    –  Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.

  •  

    ➡ ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

    –  Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето. Агенцијата не е надлежна и не ја цени исправноста на патните исправи.
    –  За реализација  на аранжманот потребен е минимум од 40 патници (крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање)
    – Последен рок на пријавување е до 20.12.2018
    –  Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
    –  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 5 дена пред патувањето.
    –  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
    –  Oпштите услови за патување на Саватоурс како и на СКТМ се составен дел од овој аранжман.
    –  Патничко и здравствено осигурување: Саватоурс препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија.



 kocka11