Duration: 10 ноќевања / 200 м од плажа
Location: Грција - (175 км од Евзони)
Price: 195 €

★ APART HOTEL FILIKO 1 ★ Амуљани
Наем

  • ➡ Локација:

    Грција – Амуљани (на 175 км оддалеченост од граничниот премин Евзони)
    Куќата се наоѓа во централниот дел на Амуљани.

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

    ➡ Плажа:

    Куќата е 200 метри од плажата Galini и од плажата Limanaki.

    ➡ Сместување:

    1/3 studio – во една просторија чајна кујна, еден брачен и единечен лежај.
    1/4 studio – во една просторија чајна кујна, еден брачен и два единечни кревета.
    1/4 apartman – во една просторија чајна кујна, еден брачен, во другата еден брачен кревет.
    1/4+1 apartman – во една просторија чајна кујна, два единечни кревета и фотеља, во друга еден брачен кревет.
    1/5 duplex apartman – во една просторија чајна кујна, во другата еден брачен и единечен лежај., во трета еден брачен кревет.
    1/6 duplex apartman –  во една просторија чајна кујна, во другата еден брачен и единечен лежај., во трета еден брачен кревет и еден единечен лежај.
    Во некои случаи можно е отстапување на димензиите на лежаите од нашите стандарди.
    СОДРЖИНА НА СТУДИЈАТА: чајна кујна со садови и прибор, фрижидер, гарнитура за седење на тераса, клима, купатило, LCD TV, пешкири, решо, тераса.
    СОДРЖИНА НА АПАРТМАНИТЕ: чајна кујна со садови и прибор, фрижидер, гарнитура за седење на тераса, клима, купатило, LCD TV, пешкири, решо, тераса.
    СОДРЖИНА НА ДУПЛЕКСИТЕ: чајна кујна со садови и прибор, фрижидер, гарнитура за седење на тераса, клима, купатило, LCD TV, пешкири, решо, тераса.

    ➡ Содржина:

    Изгледот и амбиентот на куќата оставаат впечаток на традиционална грчка кеќа. Фасадата украсена со камен, градина со зеленило, гарнитура за седење, летниковец и скара, ја дополнуваат содржината на куќата. Составена од пространи студија, апартмани и дуплекси, грижливо уредена. Поради разновидниот избор на сместувачки единици, идеална е како за семејства со деца, така и за поголеми друштва. Во составот е и рецепција. Се наоѓа во мирниот дел на островот, во непрометна улица, така да паркингот пред нејзе или во близина не е проблем.

  • ВО ЦЕНИТЕ НЕ Е ПРЕСМЕТАН ПОПУСТОТ ОД – 5% ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.12.2018
    Тип на сместување 02.06.-
    12.06.
    12.06.-
    22.06.
    22.06.-
    02.07.
    02.07-
    12.07.
    12.07.-
    22.07.
    22.07-
    01.08.
    01.08.-
    11.08.
    11.08.-
    21.08.
    21.08.-
    31.08.
    31.08.-
    10.09.
    10.09.-
    20.09.
    20.09.-
    30.09.
    1/3 studio 195 365 435 505 545 585 585 585 495 395 315 195
    1/4 studio 205 385 475 545 585 625 625 625 535 435 335 205
    1/4 apartman 245 445 565 635 675 715 715 715 625 525 395 245
    1/4+1 apartman 265 465 585 655 695 735 735 735 645 545 415 265
    1/5 duplex apartman 295 525 645 715 755 795 795 795 705 605 465 295
    1/6 duplex apartman 325 555 695 775 815 855 855 855 765 665 515 325

     

    Напомени -Услови за деца во студио/ апартман две деца до 10 г. Можат да користат еден кревет. Дете 0-3 г може да престојува без сопствен кревет.

  • Во цената на аранжманот е вклучено:

    √  Наем на апартман или студио за 10 ноќевања.
    √  Клима уредот е вклучен во цената на аранжманот.
    √  Куќата е покриена со бесплатен безжичен интернет – free WiFi.
    √  Секој апартман / студио има комплетно опремена кујна (чајна кујна со садови и прибор, фрижидер, гарнитура за седење на тераса, клима, купатило, пешкири, решо, тераса, LCD TV) и сопствено купатило со пешкири.
    √  Постелнината и пешкирите во апартманите / студијата се менуваат еднаш во текот на престојот од мин. 10 ноќи.

    Во цената на аранжманот не е вклучено:
    Во цената на аранжманот не е вклучено:

    –   Туристичка такса од 0,5 € на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот).
    –   Здравствено патничко осигурување.
    –   Услугите како бесплатно користење лежалки и чадори на плажа не се вклучени во цената, освен ако е наведено поинаку во деталниот опис на аранжманот.
    –   Превозот не е вклучен во цената. На ваше барање, со доплата, може да користите организиран превоз (со автобус или комбе) до избраниот апартман / студио во Грција.

  • Важни напомени:

    –  Сместување во апартманите / студијата е во 14:00 часот, а напуштање е во 9:00 часот по локално време.
    –  При сместување во апартман / студио гостите добиваат чисти соби и во текот на престојот сами се грижат за одржување на хигиената. По завршување на аранжманот гостите се должни да го остават апартманот / студиото во пристојна (чиста) состојба.
    –  Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
    –  Користење на клима уредот е вклучено во цената на аранжманот. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку ја оставите климата да работи во време кога сте на плажа или надвор од апартманот.
    –  Во случај на причинета штета за време на престојот, гостите ја надоместуваат штетата на сопственикот на вилата на лице место.
    –  За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се на документ потпишан од страна на гостинот и сопственикот на вилата.

    Плаќање:

    –  Цените се во евра за наем на апартман или студио за 10 ноќевања, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд.
    –  За резервација на аранжман потребна е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа најдоцна 10 дена пред почетокот на аранжманот.
    –  За резервација на аранжман со попуст за рани резервации потребна е е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа заклучно со датумот до кога завршува дадениот попуст за рани резервации. Сите резервации направени или доплатени по овој датум ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови со редовни цени за резервации.
    –  Промени на веќе направени резервации не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, термин, сместување итн), доколку промената ја одобри организаторот, цената на аранжманот ќе биде пресметана редовно без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената.
    –  Организаторот на аранжманот го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитети по цени кои се разликуваат од оние веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на рефундација на средства по основ разлика на цена.



kocka11