Duration: 10 ноќевања / 70 м од плажа
Location: Грција - (175км од Евзони)
Price: 225 €

★ DEMI HOUSE ★ Амуљани
Наем

  • ➡ Локација:

    Грција – Амуљани (на 175 км оддалеченост од граничниот премин Евзони)
    Куќата е оддалечена околу 70 м од плажата Kalopigado, a на 1.5 км од селото Amuljani.

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

    ➡ Плажа:

    Куќата е 100 метри оддалечена од најдобрата плажа Alikes, и околу 70 м од плажата Kalopigado.

    ➡ Сместување:

    Студијата и апартманите се сместени во приземјето и на катот, пространи и елегантно декорирани, предвидени за сместување 3-4 лица. Содржината ја дополнуваат пространиот двор со неколку скари, како и паркинг.
    1/3 studio – во една просторија чајна кујна, еден брачен и еден обичен кревет.
    1/4 studio –  во една просторија чајна кујна и два брачни кревета.
    1/4 studio*- во една просторија чајна кујна два обични кревета од кои се извлекува по еден кревет со големина 190cm*85cm.
    1/4 apartman – во една просторија чајна кујна и два обични кревета и во друга просторија еден брачен кревет
    Во некои случаи можно е отстапување на димензиите на лежаите од нашите стандарди.
    СОДРЖИНА НА СТУДИЈАТА: чајна кујна со садови и прибор, фрижидер, гарнитура за седење на тераса, клима, купатило, пешкири, решо, тераса, LCD TV

    ➡ Содржина:

    Demi е на благо возвишение во живописниот амбиент, опкружена со маслини и зеленило, и располага со двор, паркинг, WI-FI, тераса. Самата позиционираност и дава можност за единствен поглед на двете преубави ували и плажи Alikes и Kalopigado, од кој застанува здивот. Од терасата на куќата, со првото утринско кафе, ќе уживате во изгрејсонцето, a во вечерните часови со чаша вино ќе го испратите зајдисонцето. На околу 100 м од куќата, на почетокот на плажата Alikes, се наоѓа најпознатиот beach bar на островот – Savana, каде можете со конзумација на пијалок да ги користите лежалките и сонцобраните. На околу 150 м се наоѓа авто-камп во кој има мини маркет, a на околу 200 м е таверна со традиционални специјалитети на грчката кујна.

  • ВО ЦЕНИТЕ НЕ Е ПРЕСМЕТАН ПОПУСТОТ ОД – 5% ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.12.2018
    Тип на сместување 02.06.-
    12.06.
    12.06.-
    22.06.
    22.06.-
    02.07.
    02.07.-
    12.07.
    12.07.-
    22.07.
    22.07-
    01.08.
    01.08.-
    11.08.
    11.08.-
    21.08.
    21.08.-
    31.08.
    31.08.-
    10.09.
    10.09.-
    20.09.
    20.09.-
    30.09.
    1/3 studio P/M 225 375 495 595 655 685 685 685 595 485 375 225
    1/4 studio P/M 245 395 525 625 685 715 715 715 625 515 395 245
    1/4 app P/M 275 455 585 695 765 795 795 795 695 585 455 275
    1/4 studio FP/M 305 495 665 775 835 875 875 875 765 655 545 305
    Легенда: 1/3 и 1/4 studio P/M – studio со поглед на море приземје, 1/4 studio FP/M – studio со фронтален поглед на море на I кат, 1/4 app P/M – apartman со поглед море приземје.
    1/4 studio* – студио со два обични кревета од кои се извлекува по еден кревет со големина 190cm*85cm.
    Напомени -Услови за деца во студио/ апартман две деца до 10 г. Можат да користат еден кревет. Дете 0-3 г може да престојува без сопствен кревет.

    Цените се во евра за наем на апартман или студио за 10 ноќевања, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд

  • Во цената на аранжманот е вклучено:

    √  Наем на апартман или студио за 10 ноќевања.
    √  Клима уредот е вклучен во цената на аранжманот.
    √  Куќата е покриена со бесплатен безжичен интернет – free WiFi.
    √  Секој апартман / студио има комплетно опремена кујна (чајна кујна со садови и прибор, фрижидер, гарнитура за седење на тераса, клима, купатило, пешкири, решо, тераса, LCD TV) и сопствено купатило со пешкири.
    √  Постелнината и пешкирите во апартманите / студијата се менуваат еднаш во текот на престојот од мин. 10 ноќи.

    Во цената на аранжманот не е вклучено:

    –   Туристичка такса од 0,5 € на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот).
    –   Здравствено патничко осигурување.
    –   Услугите како бесплатно користење лежалки и чадори на плажа не се вклучени во цената, освен ако е наведено поинаку во деталниот опис на аранжманот.
    –   Превозот не е вклучен во цената. На ваше барање, со доплата, може да користите организиран превоз (со автобус или комбе) до избраниот апартман / студио во Грција.

  • Важни напомени:

    –  Сместување во апартманите / студијата е во 14:00 часот, а напуштање е во 9:00 часот по локално време.
    –  При сместување во апартман / студио гостите добиваат чисти соби и во текот на престојот сами се грижат за одржување на хигиената. По завршување на аранжманот гостите се должни да го остават апартманот / студиото во пристојна (чиста) состојба.
    –  Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
    –  Користење на клима уредот е вклучено во цената на аранжманот. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку ја оставите климата да работи во време кога сте на плажа или надвор од апартманот.
    –  Во случај на причинета штета за време на престојот, гостите ја надоместуваат штетата на сопственикот на вилата на лице место.
    –  За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се на документ потпишан од страна на гостинот и сопственикот на вилата.

    Плаќање:

    –  Цените се во евра за наем на апартман или студио за 10 ноќевања, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд.
    –  За резервација на аранжман потребна е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа најдоцна 10 дена пред почетокот на аранжманот.
    –  За резервација на аранжман со попуст за рани резервации потребна е е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа заклучно со датумот до кога завршува дадениот попуст за рани резервации. Сите резервации направени или доплатени по овој датум ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови со редовни цени за резервации.
    –  Промени на веќе направени резервации не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, термин, сместување итн), доколку промената ја одобри организаторот, цената на аранжманот ќе биде пресметана редовно без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената.
    –  Организаторот на аранжманот го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитети по цени кои се разликуваат од оние веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на рефундација на средства по основ разлика на цена.



kocka11