Duration: 10 ноќевања / 300 м од пристаништето
Location: Грција - (175 км од Евзони)
Price: 305 €

★ GARIFALIA ROOMS ★ Амуљани
Наем

  • ➡ Локација:

    Грција – Амуљани (на 175 км оддалеченост од граничниот премин Евзони)
    Куќата е оддалечена околу 300 m oд пристаништето.

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

    ➡ Плажа:

    Куќата е оддалечена на околу 50 m e плажата „Karnagio”.

    ➡ Сместување:

    1/5 triplex apartman – во една просторија чајна кујна, во друга просторија еден брачен или два единечни кревета, во трета просторија еден брачен или два единечни кревета и во четврта просторија еден единечен кревет.
    1/6 triplex apartman – во една просторија чајна кујна, во друга просторија еден брачен или два единечни кревета, во трета просторија еден брачен или два единечни кревета и во четврта просторија два единечни кревета.
    Во некои случаи можно е отстапување на димензиите на лежаите од нашите стандарди.
    СОДРЖИНА НА КУЌАТА: двор, паркинг, WI-FI
    СОДРЖИНА НА АПАРТМАНИТЕ: чајна кујна со садови и прибор, фрижидер, клима, купатило, пешкири, тераса, TV

    ➡ Содржина:

    Сместена е на карпата од каде се протега поглед на море. Во близина на куќата се неколку ували со мали плажи, на околу 50 m e плажата „Karnagio”, недалеку од нејзе плажата “Limani”, на околу 300 m оддалеченост е плажата “Tzanis”. Секако Ви ги препорачуваме најубавите плажи на Амуљани како Alikes, Megali Ammos, Karagatsia, Agios Georgios. Куќата е во мирниот дел на селото, а сепак блиску до сите содржини, пекарница, неколку таверни, гиро – сендвичара, кафетерии, пицерии, маркети, аптека, доктор… Во понуда се триплекс апартмани, со три спални соби, за поголеми семејства или за 2 помали, особено во тие со две купатила.

  • ВО ЦЕНИТЕ НЕ Е ПРЕСМЕТАН ПОПУСТОТ ОД – 5% ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.12.2018
    Тип на соба 02.06.-
    12.06.
    12.06.-
    22.06.
    22.06.-
    02.07.
    02.07.-
    12.07.
    12.07.-
    22.07.
    22.07
    01.08
    01.08.-
    11.08.
    11.08.-
    21.08.
    21.08.-
    31.08.
    31.08.-
    10.09.
    10.09.-
    20.09.
    20.09.-
    30.09.
    1/5 tplx (приземје) 305 495 645 745 815 855 855 855 725 595 495 305
    1/6 tplx (приземје) 325 525 685 785 855 895 895 895 765 625 525 325
    1/5 tplx PM(2 купатила) 355 555 725 825 895 935 935 935 805 665 555 355
    1/6 tplx PM(2 купатила) 395 585 765 865 935 975 975 975 845 695 585 395
    Легенда: PM  – triplex апартман со поглед на море
    Напомени -Услови за деца во студио/ апартман две деца до 10 г. Можат да користат еден кревет. Дете 0-3 г може да престојува без сопствен кревет.

  • Во цената на аранжманот е вклучено:

    √  Наем на апартман или студио за 10 ноќевања.
    √  Клима уредот е вклучен во цената на аранжманот.
    √  Куќата е покриена со бесплатен безжичен интернет – free WiFi.
    √  Секој апартман / студио има комплетно опремена кујна (чајна кујна со садови и прибор, фрижидер, гарнитура за седење на тераса, клима, купатило, пешкири, решо, тераса, LCD TV) и сопствено купатило со пешкири.
    √  Постелнината и пешкирите во апартманите / студијата се менуваат еднаш во текот на престојот од мин. 10 ноќи.

    Во цената на аранжманот не е вклучено:
    Во цената на аранжманот не е вклучено:

    –   Туристичка такса од 0,5 € на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот).
    –   Здравствено патничко осигурување.
    –   Услугите како бесплатно користење лежалки и чадори на плажа не се вклучени во цената, освен ако е наведено поинаку во деталниот опис на аранжманот.
    –   Превозот не е вклучен во цената. На ваше барање, со доплата, може да користите организиран превоз (со автобус или комбе) до избраниот апартман / студио во Грција.

  • Важни напомени:

    –  Сместување во апартманите / студијата е во 14:00 часот, а напуштање е во 9:00 часот по локално време.
    –  При сместување во апартман / студио гостите добиваат чисти соби и во текот на престојот сами се грижат за одржување на хигиената. По завршување на аранжманот гостите се должни да го остават апартманот / студиото во пристојна (чиста) состојба.
    –  Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
    –  Користење на клима уредот е вклучено во цената на аранжманот. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку ја оставите климата да работи во време кога сте на плажа или надвор од апартманот.
    –  Во случај на причинета штета за време на престојот, гостите ја надоместуваат штетата на сопственикот на вилата на лице место.
    –  За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се на документ потпишан од страна на гостинот и сопственикот на вилата.

    Плаќање:

    –  Цените се во евра за наем на апартман или студио за 10 ноќевања, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд.
    –  За резервација на аранжман потребна е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа најдоцна 10 дена пред почетокот на аранжманот.
    –  За резервација на аранжман со попуст за рани резервации потребна е е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа заклучно со датумот до кога завршува дадениот попуст за рани резервации. Сите резервации направени или доплатени по овој датум ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови со редовни цени за резервации.
    –  Промени на веќе направени резервации не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, термин, сместување итн), доколку промената ја одобри организаторот, цената на аранжманот ќе биде пресметана редовно без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената.
    –  Организаторот на аранжманот го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитети по цени кои се разликуваат од оние веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на рефундација на средства по основ разлика на цена.



kocka11