Duration: 10 ноќевања / 20 м од плажа
Location: Грција - Халкидики - Атос - Неа Рода (193 км од Евзони)
Price: 230 €- 10 % : 207 €

★ VILA MARIA PASHALIDOU ★ Неа Рода 
Наем

  • Локација:

    ➡  Грција – Халкидики – Атос – Неа Рода (на 193 км оддалеченост од граничниот премин Евзони)
    Вилата „Maria Pashalidou“ е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар.

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

    Плажа:

    ➡  Вилата е 20 метри оддалечена од песочната плажа во Неа Рода.

     Сместување:

    ➡  Во вилата располагаме со трoкреветни  апартмани на прв и на втор спрат и со еден петкреветен апартман на прв спрат. Во вилата располагаме со трoкреветни  апартмани на прв и на втор спрат и со еден петкреветен апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, основни садови за готвење и јадење, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена.

    Содржина:

    ➡  Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Пред вилата има играчки за децата.

    Превоз:

    ➡  На ваше барање, со доплата, може да користите организиран превоз (со автобус или комбе) до избраниот апартман или студио во Грција. Цената за возрасни е 35 € / за деца до 2 години е бесплатно (без седиште) / за деца 2 – 11.99 години е цената е 25 €.

  • ВО ЦЕНИТЕ НЕ Е ПРЕСМЕТАН ПОПУСТОТ ОД – 10 % ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.01.2019

    cenovnik-vila-maria-pashalidou-nea-roda-2019--1078x1593

    Цените се во евра за наем на апартман или студио за 10 ноќевања, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд

  • Во цената на аранжманот е вклучено:

    √  Наем на апартман или студио за 10 ноќевања.
    √  Клима уредот е вклучен во цената на аранжманот.
    √  Вилата е покриена со бесплатен безжичен интернет – free WiFi.
    √  Секој апартман / студио има комплетно опремена кујна (електрични шпорети со рерни, фрижидери и основни садови за готвење и јадење) и сопствено купатило со пешкири.
    √  Постелнината и пешкирите во апартманите / студијата се менуваат еднаш во текот на престојот од мин. 10 ноќи.

    Во цената на аранжманот не е вклучено:

    –   Tуристичка такса во Грција 0.50 € по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
    –   Здравствено патничко осигурување.
    –   Услугите како бесплатно користење лежалки и чадори на плажа не се вклучени во цената, освен ако е наведено поинаку во деталниот опис на аранжманот.
    –   Превозот не е вклучен во цената. На ваше барање, со доплата, може да користите организиран превоз (со автобус или комбе) до избраниот апартман / студио во Грција. Цената за возрасни е 35 € / за деца до 2 години е бесплатно (без седиште) / за деца 2 – 11.99 години е цената е 25 €.

  • Важни напомени:

    –  Сместување во апартманите / студијата е во 14:00 часот, а напуштање е во 9:00 часот по локално време.
    –  При сместување во апартман / студио гостите добиваат чисти соби и во текот на престојот сами се грижат за одржување на хигиената. По завршување на аранжманот гостите се должни да го остават апартманот / студиото во пристојна (чиста) состојба.
    –  Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
    –  Користење на клима уредот е вклучено во цената на аранжманот. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку ја оставите климата да работи во време кога сте на плажа или надвор од апартманот.
    –  Во случај на причинета штета за време на престојот, гостите ја надоместуваат штетата на сопственикот на вилата на лице место.
    –  За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се на документ потпишан од страна на гостинот и сопственикот на вилата.

    Плаќање:

    –  Цените се во евра за наем на апартман или студио за 10 ноќевања, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд.
    –  За резервација на аранжман потребна е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа најдоцна 10 дена пред почетокот на аранжманот.
    –  За резервација на аранжман со попуст за рани резервации потребна е е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа заклучно со датумот до кога завршува дадениот попуст за рани резервации. Сите резервации направени или доплатени по овој датум ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови со редовни цени за резервации.
    –  Промени на веќе направени резервации не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, термин, сместување итн), доколку промената ја одобри организаторот, цената на аранжманот ќе биде пресметана редовно без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената.
    –  Организаторот на аранжманот го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитети по цени кои се разликуваат од оние веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на рефундација на средства по основ разлика на цена.



kocka11