Duration: 7 ноќевања / на сама плажа
Location: Грција - Халкидики - Касандра - Неа Флогита (135 км од Евзони)
Price: 80 €

★ VILA ZORBAS ★ Неа Флогита
Наем

  • Локација:

    ➡  Грција – Халкидики – Касандра – Неа Флогита (на 135 км оддалеченост од граничниот премин Евзони)
    Вилата “Zorbas” се наоѓа на сама плажа во строгиот центар на Неа Флогита

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

    Плажа:

    ➡  Вилата се наоѓа на сама плажа.

     Сместување:

    ➡  Вилата располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната, долга и тесна тераса со страничен поглед кон паркот и рестораните пред плажата, просторна кујна со трепезариска маса. Дуплекс апартманите /4+2/ со две одделни спални соби со директен поглед кон плажа и море со голема кујна со трепезариска маса, клуб масичка и голема тераса кон море. Апартманите се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима (со доплата 5€ на лице место), како и бесплатен интернет. Апартманите се наоѓаат на II кат.

    Содржина:

    ➡  Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет.

    Превоз:

    ➡  На ваше барање, со доплата, може да користите организиран превоз (со автобус или комбе) до избраниот апартман или студио во Грција. Цената за возрасни е 35 € / за деца до 2 години е бесплатно (без седиште) / за деца 2 – 12 години е цената е 25 €.

  • Цените се во евра за наем на апартман или студио за 10 ноќевања, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд

  • Во цената на аранжманот е вклучено:

    √  Наем на апартман или студио за 10 ноќевања.
    √  Клима уредот е вклучен во цената на аранжманот.
    √  Вилата е покриена со бесплатен безжичен интернет – free WiFi.
    √  Секој апартман / студио има комплетно опремена кујна (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење) и сопствено купатило со пешкири.
    √  Постелнината и пешкирите во апартманите / студијата се менуваат еднаш во текот на престојот од мин. 10 ноќи.

    Во цената на аранжманот не е вклучено:

    –  Tуристичка такса во Грција 0.50 € по соба од ден (се плаќа во самиот објект);
    –   Здравствено патничко осигурување.
    –   Услугите како бесплатно користење лежалки и чадори на плажа не се вклучени во цената, освен ако е наведено поинаку во деталниот опис на аранжманот.
    –   Превозот не е вклучен во цената. На ваше барање, со доплата, може да користите организиран превоз (со автобус или комбе) до избраниот апартман / студио во Грција. Цената за возрасни е 35 € / за деца до 2 години е бесплатно (без седиште) / за деца 2 – 11.99 години е цената е 25 €.
    –  Доплата за клима – 5€ од ден на лице место;

    Попусти:
    • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
    • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10 € од цената по лице;
  • Важни напомени:

    –  Сместување во апартманите / студијата е во 14:00 часот, а напуштање е во 10:00 часот по локално време.
    –  При сместување во апартман / студио гостите добиваат чисти соби и во текот на престојот сами се грижат за одржување на хигиената. По завршување на аранжманот гостите се должни да го остават апартманот / студиото во пристојна (чиста) состојба.
    –  Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
    –  Користење на клима уредот е вклучено во цената на аранжманот. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку ја оставите климата да работи во време кога сте на плажа или надвор од апартманот.
    –  Во случај на причинета штета за време на престојот, гостите ја надоместуваат штетата на сопственикот на вилата на лице место.
    –  За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се на документ потпишан од страна на гостинот и сопственикот на вилата.
    –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман со една спална /2+2/ и 5-то и 6-то лице во дуплекс апартман /4+2/ – БЕСПЛАТНО сместување;
    –  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
    –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
    –  Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
    –  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
    –  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
    –  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;

    –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

    –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
    –  Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;
    –  Автобусот ги остава/зема патниците на 20м од вилата;
    –  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
    –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

    Плаќање:

    –  Цените се во евра за наем на апартман или студио за 10 ноќевања, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд.
    –  За резервација на аранжман потребна е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа најдоцна 10 дена пред почетокот на аранжманот.
    –  За резервација на аранжман со попуст за рани резервации потребна е е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа заклучно со датумот до кога завршува дадениот попуст за рани резервации. Сите резервации направени или доплатени по овој датум ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови со редовни цени за резервации.
    –  Промени на веќе направени резервации не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, термин, сместување итн), доколку промената ја одобри организаторот, цената на аранжманот ќе биде пресметана редовно без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената.
    –  Организаторот на аранжманот го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитети по цени кои се разликуваат од оние веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на рефундација на средства по основ разлика на цена.



kocka11