Duration: 07 Декември - 09 Декември 2018 / со Авион
Location: Италија - Рим

БОЖИЌЕН ПАЗАР ВО КРАЛСКА ВИЕНА 3★
термин: 07.12.2018 – 09.12.2018
со Авион / за 3 дена – 2 ноќи

  • ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 12.340 мкд  / 199 € по лице
    термин: 07 декември – 09 декември 2018 / 3 дена – 2 ноќи / со Авион

     

    Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Панорамски разглед на градот: од Шведен плац до Дворецот Белведере (фото стоп), пролжуваме по Рингштрасе – Парламентот, Универзитетот, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, од Палатата Хофбург разгледот продолжува пеш до Црквата св.Петар, Катедралата Вотиф и Катедралата Св.Стефан.

    ➡ 1 ДЕН – 07 Декември (петок)  СКОПЈЕ – ВИЕНА

    Состанок на групата на аеродромот Скопје во 11.15 часот. Полетување за Братислава во 13.05 часот со лет на Визер. Слетување на аеродромот во Братислава во 14.40 часот. По завршување на царинските формалности, трансфер до Виенна, со попатна посета на шопинг центар Парндорф. Пристигнување во Виена и сместување во хотел. Ноќевање.

    ➡ 2 ДЕН – 08 Декември (сабота)  ВИЕНА

    Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Панорамски разглед на градот: од Шведен плац до Дворецот Белведере (фото стоп), пролжуваме по Рингштрасе – Парламентот, Универзитетот, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, од Палатата Хофбург разгледот продолжува пеш до Црквата св.Петар, Катедралата Вотиф и Катедралата Св.Стефан… Слободно попладне да се вкусат специјалитети на виенската кујна. Ноќевање.

    ➡ 3 ДЕН – 09 Декември (недела)  ВИЕНА – СКОПЈЕ

    Појадок. Слободно неделно предпладне за виенско кафе и торта, уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена. Трансфер. Полетување од Братислава со лет на Визер во 15.35 часот. Слетување во Скопје во 17.05 часот.

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

  •  

    ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 27 НОЕМВРИ: 12.340 мкд  / 199 € по лице
    термин: 07 декември – 09 декември 2018 / 3 дена – 2 ноќи / со Авион
    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Авионски превоз: Скопје – Братислава – Скопје со Визер
    – Кабинска торба со димензии 40 х 30 х 20 до 8кг
    – Трансфер аеродром – хотел – аеродром
    – Сместување во хотел Моцарт 3* http://www.hotelmozart-vienna.at/en/  на база 2 ноќевања со појадок
    – Организиран разглед на Виена
    – Организација на аранжманот и придружник на патувањето

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Аеродромски такси 2.990 денари
    – Доплата за багаж за чекирање: куфер со максимум 20 kg / 2.200 денари (цената може да се промени како наближува летот)
    – Туристичка такса 6 € на ден (се плаќа во хотел при пријавување)
    – Влезници во музеите и културно историските споменици
    – Карти за локален превоз
    – Посета на Шенбрун со вклучена влезница и локален водич 40 €
    – Посета на Белведере со вклучена влезница и локален водич 40 €
    – Патничко – здравствено осигурување

    ➡ УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

    – За резервации со пониска цена потребна е уплата на 30 % од цената на аранжманот.
    –  Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1 € = 62 мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпродажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.

  •  

    ➡ ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

    –  Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
    –  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
    –  Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
    –  Агенцијата го задржува правото да во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
    – За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
    – За време на разгледите на градот наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
    – Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
    –  Oпштите услови за патување на Саватоурс како и на СКТМ се составен дел од овој аранжман.
    –  Патничко и здравствено осигурување: Саватоурс препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија.



 kocka11