Duration: 30 Декември 2018 - 01 Јануари 2019 / со Автобус
Location: Србија - Белград
Price: 90 €

★ БЕЛГРАД НОВА ГОДИНА 2019 ★
термин: 30.12.2018 – 01.01.2019
со Автобус / 3 дена – 2 ноќи

  • ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.600 мкд  / 90 € по лице
    термин: 30 дек 2018 – 01 јан 2019 / 3 дена – 2 ноќи / со Автобус

     

    ➡ 1 ДЕН – 30 Декември (недела)  СКОПЈЕ – БЕЛГРАД 

    Состанок на групата во Скопје во 01:45 часот, во 02:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнувањe во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич:плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијаа, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав…Слободно време за индивидуални активности и прошетка по познатата улица Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален предновогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

    ➡ 2 ДЕН – 31 Декември (понеделник)  БЕЛГРАД 

    Појадок. По појадок посета на трговски шопинг центар Ушче или слободно време во центарот на Белград за индивидуални активности. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта дочек на Нова Година на плоштад каде ќе имате можност да уживате во број на музичка програма (организиран превоз до центар и назад). Ноќевање.

    ➡ 3 ДЕН – 01 Јануари (вторник)  БЕЛГРАД – СКОПЈЕ

    Појадок. Одјавување од хотел. По појадокот факултативен излет до Нови Сад- центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, Петроварадинската тврдина. Слободно време во центарот на градот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

  •  

    ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.600 мкд  / 90 € по лице
    термин: 30 дек 2018 – 01 јан 2019 / 3 дена – 2 ноќи / со Автобус

     

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Автобуски превоз со туристички автобус на дадената релација
    – 2 Ноќевања со Појадок во хотел 3* во Белград
    – Разглед на Белград со локален водич
    -Посета на трговски шопинг центар Ушче
    – Организација, водство и реализација на аранжманот.

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Факултативните излети и посети:
    Факултативен излет до Нови Сад – 10 € со пријавување во агенција
    – Влезниците при посета на културно-историските споменици
    -Туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
    – Факултативен излет до НовиСад – 10 еур – пријавување во агенција
    – Патничко осигурување

    ➡ УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

    –  Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.

  •  

    ➡ ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

    –  Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето. Агенцијата не е надлежна и не ја цени исправноста на патните исправи.
    –  За реализација  на аранжманот потребен е минимум од 40 патници (крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање)
    –  Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
    –  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 5 дена пред патувањето.
    –  За факултативните излети се потребни 25 патници
    –  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
    –  Oпштите услови за патување на Саватоурс како и на СКТМ се составен дел од овој аранжман.
    –  Патничко и здравствено осигурување: Саватоурс препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија.



 kocka11