Duration: 29 Декември 2018 - 03 Јануари 2019 / со Автобус
Location: Италија - Милано

★ МИЛАНО НОВА ГОДИНА 2019 ★
МИЛАНО – ТОРИНО – ЛУГАНО – ВЕРОНА 
термин: 29.12.2018 – 03.01.2019
со Автобус / 6 дена – 3 ноќи

  • ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 11.190 мкд  / 180 € по лице
    термин: 29 дек 2018 – 03 јан 2019 / 6 дена – 3 ноќи / со Автобус

     

    ➡ 1 ДЕН – 29 Декември (сабота)  СКОПЈЕ – МИЛАНО

    Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски“. Поаѓање за Италија во 08.30 часот… патот преку води преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција… денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

    ➡ 2 ДЕН – 30 Декември (недела)  МИЛАНО

    Пристигнување во Милано во утринските часови. Краток одмор. Панорамски разглед на градот со стручен водич…тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, црквата Santa Maria Della Grazia (местото каде се наоѓа ремек-делото на Да Винчи „Тајната Вечера“, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот… Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

    ➡ 3 ДЕН – 31 Декември (понеделнилк)  МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО

    Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на градот, или можност за факултативен излет до Швајцарија. Посета на бајковитиот град Лугано, кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Della Riforma, црквата San Roco, Santa Maria Degli Angeli како и паркот на вилата Ciani. Слободно време за прошетка низ градот, или покрај езерото Лугано. Посета на Комо…посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата, Бролето, зидините кои го обиколуваат скоро целиот град…факултативно крстарење со брод по езерото, можност да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Бекам, Мадона, Макартни…Враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време. Вечерта – ДОЧЕК НА НОВАТА 2019.ГОДИНА !!! Ноќевање.

    ➡ 4 ДЕН – 01 Јануари (вторник)  МИЛАНО – ТОРИНО

    Појадок. По појадокот – Ви нудиме посета на Торино (факултативно), вториот по големина и важност град во Ломбардија по Милано…прошетка низ Parco Valentino – еден од најзначајните симболи на Торино…во внатрешноста на паркот се наоѓа прекрасната и огромна фонтана La Fontana dei Mesi e delle Stagioni, а исто така ќе го посетиме и малиот средновековен град – многу убав и интересен да се прошета…се упатуваме кон центарот на градот, се упатуваме кон Piazza Vittorio Veneto, каде се наоѓа црквата Gran Madre di Dio. Нашата прошетка продолжува кон Mole Antonelliana – највисоката градба на светот (од оние кои што се зидани со тули) 163 метри, доаѓаме до Piazza Castello, каде се наоѓа Teatro Regio – еден од најзначајните театри во Италија…на истиот плоштад се наоѓа Palazzo Reale, Chiesa di San Lorenzo, Palazzo Madam. Продолжуваме кон Piazza San Carlo (најубавиот плоштад во Торино), па Piazza Carlo Alberto во чија близина се наоѓа познатата Via Roma…на тој плоштад се наоѓало седиштето на Фашистичката партија од каде Мусолини ги држел своите говори… Ноќевање.

    ➡ 5 ДЕН – 02 Јануари (среда)  МИЛАНО – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

    Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Верона со попатна посета на трговски центар. Пристигнување во Верона во раните попладневни часови…прошетка низ Стариот Град…плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија…поаѓање за Македонија во касните попладневни часови. Патот води преку Трст, Загреб, Белград…ноќно и денско патување со кратки попатни паузи.

    ➡ 6 ДЕН – 02 Јануари (четврток)  СКОПЈЕ

    Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

  •  

    ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 11.190 мкд  / 180 € по лице
    термин: 29 дек 2018 – 03 јан 2019 / 6 дена – 3 ноќи / со Автобус

     

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Автобуски превоз на горенаведената релација
    – 3 Ноќевања со Појадок во хотел UNA Hotel MALPENSA со 4★ во Милано
    – Разглед на Милано со стручен водич
    – Разглед на Лугано и Комо со стручен водич
    – Посета на Верона
    – Организација, водство и реализација на аранжманот.

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Факултативните излети и посети:
    Посета на Лугано – 20 € по лице (минимум 25 лица) – препорака!
    Крстарење со брод по езерото Комо – 15 € по лице – препорака!,
    Посета и разглед на Торино – 25 € по лице (минимум 30 лица) – препорака!
    – Влезниците при посета на културно-историските споменици
    – Туристичка такса по лице на ден, соодветна според ѕвездите на хотелот, која се наплаќа на лице место на рецепција.
    – Патничко осигурување

    ➡ УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

    –  Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.

  •  

    ➡ ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

    –  Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето. Агенцијата не е надлежна и не ја цени исправноста на патните исправи.
    –  За реализација  на аранжманот потребен е минимум од 40 патници (крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање)
    – Последен рок на пријавување е до 20.12.2018
    –  Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
    –  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 5 дена пред патувањето.
    –  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
    –  Oпштите услови за патување на Саватоурс како и на СКТМ се составен дел од овој аранжман.
    –  Патничко и здравствено осигурување: Саватоурс препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија.



 kocka11