Duration: 28 Декември 2018 - 02 Јануари 2019 / со Автобус
Location: Хрватска - Загреб
Price: 189 €-10 € : 179 €

★ “Advent” НОВА ГОДИНА 2019 ВО ЗАГРЕБ ★
www.adventzagreb.com
термин: 28.12.2018 – 02.01.2019
со Автобус / 5 дена – 3 ноќевања со појадок

  • ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 11.100 мкд  / 179 € по лице за целосна уплата до 30 ноември
    термин: 28 дек 2018 – 02 јан 2019 / 5 дена – 3 ноќевања со појадок/ со Автобус
    (после 30 ноември цената на аранжманот изнесува 11.720 мкд  / 189 € по лице)
    * цена за дете до 6 години: 119 € (спие во кревет со родител)

     

    Адвентот во Загреб според изборот на гласачи од “European Best Destinations” трет пат со ред е прогласен за најдобра дестинација за посетување за новогодишните и божиќните празници во европа во 2015, 2016 и 2017 година.

    ➡ 1 ДЕН – 28 Декември (сабота)  СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ

    Состанок на групата во Скопје (паркинг пред хотел Континентал) во 18:30 ч. Продолжување на патот преку Србија, царински формалности, попатни одмори, ноќно возење.

    ➡ 2 ДЕН – 29 Декември (сабота)  ЗАГРЕБ

    Пристигнување во Загреб во предпладневните часови. Сместување. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Попладне разглед на Загреб со професионален туристички водич: Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотрсчак (13 век) каде е стартот на најкратката жичара и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, се продолжува према Железната врата еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала ( 100 метри висока) турата завршува кај малата фонтана некогашен извор на лековита вода (околу 90 минути)…. Ноќевање.

    ➡ 3 ДЕН – 30 Декември (недела)  ЗАГРЕБ – ЉУБЉАНА – ЗАГРЕБ

    Појадок. Факултативна посета на Љубљана и разглед на центарот со локален водич, Разглед на градот со локален водич (посета на Прешерновиот плоштад, Љубљански град -стариот дел на Љубљана. Слободно време за индивидуални прошетки по кејот на реката Љубљаница и слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Во попладневните часови враќање во Загреб. Ноќевање.

    ➡ 4 ДЕН – 31 Декември (понеделник)  ЗАГРЕБ 

    Појадок. Слободен ден и уживање на убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќна магија на градот, или факултативно посета на Крапинске Топлице (воден парк Aquae Vivae -затворен). Во попладневние часови враќање во Загреб. Дочек на Нова Година, на еден од плоштадите или во дискотека (факултативно). Ноќевање.

    ➡ 5 ДЕН – 01 Јануари (вторник)  ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ

    Појадок. Во претпладневните часови заминување за Македонија, Попатни одмори, царински формалности. Ноќно возење.

    ➡ 6 ДЕН – 02 Јануари (среда)  СКОПЈЕ

    Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

  •  

    ➡ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 11.100 мкд  / 179 € по лице за целосна уплата до 30 ноември
    термин: 28 дек 2018 – 02 јан 2019 / 5 дена – 3 ноќевања со појадок/ со Автобус
    (после 30 ноември цената на аранжманот изнесува 11.720 мкд  / 189 € по лице)
    * цена за дете до 6 години: 119 € (спие во кревет со родител)

     

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Превоз со туристички автобус на дадените дестинации
    – Превоз со туристички автобус на наведената релација
    – 3 Ноќевања со појадок во Хотел   ,,I,, 3*
    – Разглед на Загреб со професионален водич (пешачка тура)
    – Посета на Christmas market (Advent Zagreb 2019) www.adventzagreb.com
    – Организација, водство и професионален туристички придружник на патувањето.

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    – Факултативните излети и посети:
    Факултативна посета на Љубљана со локален водич: 20 € (мин. 20 патници)
    Факултативна посета на Крапинске Топлице: 18 € (превоз и влезница) (мин. 20 патници)
    – Влезници за музеи и културно – историски локалитети и знаменитости
    – Локален трансфер во Загреб  1,5 € по правец по лице
    – Туристичка такса
    – Задолжително патничко – здравствено осигурување
    – Личен трошок на патниците

    ➡ УСЛОВИ ЗА ДЕЦА:

    Цена за дете до 6 години: 119 € (спие во кревет со родител)

    ➡ УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

    –  Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 15 дена пред поаѓање.

  •  

    ➡ ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

    –  Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањето. Агенцијата не е надлежна и не ја цени исправноста на патните исправи.
    –  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници (крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање)
    –  Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
    –  Агенцијата го задржува правото да во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
    – За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 25 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот, како би се направиле навремени резервации.
    – За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
    – Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
    –  Oпштите услови за патување на Саватоурс како и на СКТМ се составен дел од овој аранжман.
    –  Патничко и здравствено осигурување: Саватоурс препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија.



 kocka11