Duration: 10 ноќевања / 500 м од плажа
Location: Грција - (175 км од Евзони)
Price: 175 €

★ LIMANAKI HOUSE ★ Амуљани
Наем

  • ➡ Локација:

    Грција – Амуљани (на 175 км оддалеченост од граничниот премин Евзони)
    Куќата се наоѓа на самиот морски брег, околу 900 м од местото.

    (за Мапа во 3D стисни врз златното човече, повлечи го и спушти го на мапата врз црвената точка)

    ➡ Плажа:

    Куќата е околу 500 м од најпозната плажа на островот – Alikes.

    ➡ Сместување:

    1/2 studio – во една просторија чајна кујна и еден брачен лежај.
    1/2+1 studio – во една просторија чајна кујна, еден брачен и еден помошен лежај.
    Во некои случаи можно е отстапување на димензиите на лежаите од нашите стандарди.
    СОДРЖИНА НА КУЌАТА: двор, паркинг, WI-FI
    СОДРЖИНА НА СТУДИЈАТА: чајна кујна со садови и прибор, фрижидер, гарнитура за седење на тераса, клима, купатило, TV, пешкири, решо, тераса.

    ➡ Содржина:

    Изградена пред неколку години во духот на традиционалната грчка архитектура. Идеална е за оние кои не сакаат да се во центарот, туку на самиот брег во мирот и тишината. Се наоѓа на крстосницата на патишта кои водат кон двете најпознати плажи на островот, Alikes и Megali Ammos. Сместена во преубав амбиент, на благо возвишение, така што се од сите студија простира преубав поглед кон морето, полуостровот Atos и селото Uranopolis. По структурата на сместувачките единици, идеална е за парови или за семејствата со едно дете. Во дворот се наоѓа и паркинг.

  • ВО ЦЕНИТЕ НЕ Е ПРЕСМЕТАН ПОПУСТОТ ОД – 5% ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.12.2018
    Тип на сместување 02.06.-
    12.06.
    12.06.-
    22.06.
    22.06.-
    02.07.
    02.07.-
    12.07.
    12.07.-
    22.07.
    22.07.-
    01.08.
    01.08.-
    11.08.
    11.08.-
    21.08.
    21.08.-
    31.08.
    31.08.-
    10.09.
    10.09.-
    20.09.
    20.09.-
    30.09.
    1/2 studio P/M 225 365 465 545 605 635 635 635 545 435 325 175
    1/2+1 studio P/M 245 385 485 565 625 655 655 655 565 455 345 195

     

    Напомени – Легенда: P/M – поглед море.
    – Услови за деца во студио
    / апартман две деца до 10 г. Можат да користат еден кревет. Дете 0-3 г може да престојува без сопствен кревет.

  • Во цената на аранжманот е вклучено:

    √  Наем на апартман или студио за 10 ноќевања.
    √  Клима уредот е вклучен во цената на аранжманот.
    √  Куќата е покриена со бесплатен безжичен интернет – free WiFi.
    √  Секој апартман / студио има комплетно опремена кујна (чајна кујна со садови и прибор, фрижидер, гарнитура за седење на тераса, клима, купатило, пешкири, решо, тераса, LCD TV) и сопствено купатило со пешкири.
    √  Постелнината и пешкирите во апартманите / студијата се менуваат еднаш во текот на престојот од мин. 10 ноќи.

    Во цената на аранжманот не е вклучено:

    –   Туристичка такса од 0,5 € на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот)!
    –   Здравствено патничко осигурување.
    –   Услугите како бесплатно користење лежалки и чадори на плажа не се вклучени во цената, освен ако е наведено поинаку во деталниот опис на аранжманот.
    –   Превозот не е вклучен во цената. На ваше барање, со доплата, може да користите организиран превоз (со автобус или комбе) до избраниот апартман / студио во Грција.

  • Важни напомени:

    –  Сместување во апартманите / студијата е во 14:00 часот, а напуштање е во 9:00 часот по локално време.
    –  При сместување во апартман / студио гостите добиваат чисти соби и во текот на престојот сами се грижат за одржување на хигиената. По завршување на аранжманот гостите се должни да го остават апартманот / студиото во пристојна (чиста) состојба.
    –  Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
    –  Користење на клима уредот е вклучено во цената на аранжманот. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку ја оставите климата да работи во време кога сте на плажа или надвор од апартманот.
    –  Во случај на причинета штета за време на престојот, гостите ја надоместуваат штетата на сопственикот на вилата на лице место.
    –  За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се на документ потпишан од страна на гостинот и сопственикот на вилата.

    Плаќање:

    –  Цените се во евра за наем на апартман или студио за 10 ноќевања, а плаќањето е исклучиво во денари по курс 1 € = 62 мкд.
    –  За резервација на аранжман потребна е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа најдоцна 10 дена пред почетокот на аранжманот.
    –  За резервација на аранжман со попуст за рани резервации потребна е е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа заклучно со датумот до кога завршува дадениот попуст за рани резервации. Сите резервации направени или доплатени по овој датум ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови со редовни цени за резервации.
    –  Промени на веќе направени резервации не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, термин, сместување итн), доколку промената ја одобри организаторот, цената на аранжманот ќе биде пресметана редовно без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената.
    –  Организаторот на аранжманот го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитети по цени кои се разликуваат од оние веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на рефундација на средства по основ разлика на цена.



kocka11