Location: Малдиви - Ukulhas

maldives-logo_resizeGunbaru Inn Hotel 3★Sava Logo
Ukulhas, Maldives
Полупансион

  • maps⬅ Локација
    на Google Мапа

    Gunbaru Inn Hotel 3★ Ukulhas, Maldives

    ➡  Хотелот е лоциран на островот Ukulhas, во непосредна близина на брегот со бела песочна плажа. Располага со приватна плажа и нуди free Wi-Fi на своите гости. Ви  нуди разни активности мегу кои нуркање и Manta Ray сафари. Особено е омилен за паровите кои патуваат поради својата локација која ви овозможува да ги искусите егзотичните убавини на островот.

    ➡  Сите соби се климатизирани и имаат поглед кон прекрасна цветна градина и се опремени во модерен дизајн. Располагаат со Сателитка ТВ, минибар, опремен тоалет.

    ➡  Пријателскиот персонал на Gunbaru Inn може да ви организира секојдневни екскурзии и најразнични спортови на вода, сурфање, едрење, нуркање во коралките предели итн. Располага и со голема тераса, скара, организира караоке напревари. Рецепцијата работи 24 часа.

    ➡  Во главниот ресторан се служи локална и интернационална кујна. Исто така на располагање ви е и Room service кој е со доплата.



    Цени на пакет аранжман по лице  за сместување во стандардна двокреветна соба:

         Авионска карта со Qatar Airways Хотел Сместување Број на ноќи
    (престој)
    Тип на услуга Трансфер до островот Такси 
    Цена во тотал по лице
    Скопје – Доха – Мале – Доха – Скопје Gunbaru Inn Hotel 3★ Ukulhas, Maldives Standard Double room  7 ноќевања Полупансион вклучен трансфер со Глисер или Хидроавион Сите такси се вклучени 1259 €

    Цената е валидна до поплнување на места по групна тарифа од авио компанија
    Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари

    ➡ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
    –  Авионски билет со компанијата Qatar Airways на релација Скопје – Доха – Мале – Доха – Скопје сo вклучен багаж 30 кг по лице
    –  7 ноќевања на база на Полупансион (доручек и вечера) во Gunbaru Inn Hotel 3★ Ukulhas, Maldives
    –  Асистенција на аеродром во Мале од страна на локалниот партнер
    –  Повратен трансфер аеродром – остров (хотел) – аеродром со хидроавион или глисер
    –  Сите такси се вклучени во цената (аеродромски такси, излезна такса од Мале, итн.)

    ➡ ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
    –  Индивидуални екскурзии и факултативи кои не вклучени во програмата – достапни ви се на барање
    –  Индивидуални трошоци и екстра трошоци во хотелот ( дополнителни услуги, пијалоци и храна што не се наведени во програмата на аранжманот)
    –  Патничко осигурување (задолжително)

  • ➡ УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:
    –  Уплатата е во денарска противвредност по курс 1 € = 62 ден.
    –  Цените се однесуваат на наведениот пакет аранжман по лице за сместување во стандардна двокреветна соба
    –  Цената на Авионските е карти е според моменталнато пребарување и истата може да варира при правењето на резервација во зависност од расположливоста на места
    –  Аеродромските такси се подложни на промени по одлука на авиокомпаниите

    ➡ НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
    – Во готово – уплата на аконтација од најмалку 30% од вкупната цена на аранжманот при резервација, остатокот најдоцна 45 дена пред поаѓање.
    – кредитни картички
    – уплата преку фактура 

    Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

  • ➡ НАПОМЕНИ
    –  При резервација се плаќа депозит од 30 %, а целосна уплата се прави 45 дена пред поаѓање.
    –  Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
    –  Патничкото осигурување е задолжително

    ➡ ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
    –  За влез во Малдиви не е потребно претходно обезбедување на виза. Потребен е валиден пасош и потврда за извршена хотелска резервација која ја издаваме ние во нашата агенција.

    ➡ ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
    Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните институции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

Sava Logo   +389 2 3116 177  /  3116 690
✉  info@savatours-mk.com    follow me on facebook  www.facebook.com/savatours.mk/
kocka11адреса:  Вељко Влаховиќ бр. 7  1000 Скопје Македонијаkocka11